капсаровБ
Сите текстови објавени на овој блог се мое лично и субјективно мислење!
30 Декември, 2009 - 09:43

Поскапувањата како новогодишна честитка

Во денешницава што ја живееме секој ден станува сè потешко да решаваш повеќе проблеми оддеднаш. Порано ги завршувале работите една по една, па дошол 20-ти век и станале повеќе и оддеднаш тоа потегнува завршување на истите оддеднаш.

Што е ѕверот односно животното во еден човек?

Еден човек го буди ѕверот во себе само ако: нема за јадење, односно е мртов гладен и очајот дури може да го натера да јаде и друг човек или животно. Следната работа поради која човекот може да го постигне тоа ниво е нагонот за размножување. На сето тоа има еден до два додатоци врзани со фамилија, односно потребата од одмазда и заштита. Можеме да убиеме друг човек единствено поради најблиските.
Внимателно: Тој човек што наводно го убиваме е член на колективот човек. Што значи: „Сам себе го убијал“.

Ѕверот и денешницата

Под терминот „режиски трошоци“ во нашите малечки животички влегуваат струја, вода, сметки за телекомуникации, некоја партиципација, затоплување, а неофицијално и превоз. Сакам да споделам предлози за заштеда на енергија и ресурси што се надевам на многу ќе помогнат.

Краток список на претходно објавениот „можам веднаш“:

  • Изгасни ги светлата кога излегуваш од соба.
  • Користи ги двете страни од хартијата кога печатиш/црташ.
  • Пешачи или вози велосипед, наместо автомобил (секаде).
  • Туширај се кратко, никако када.
  • Пиј вода од чешма наместо од шише.
  • Извади ги вишокот работи од колата за да намалиш на тежина (или не ја користи колата).
  • Сите филтри за клима, топлина или вода редовно прочистувај ги.
  • Ставете на уредите регулирачки термостат.

Струја, начини на штедење

Најмногу „фантомска“ струја во домот трошат осветлувањата, stand-by уреди, фрижидер и некои додатоци за проветрување. Набројувањето погоре е само еден краток опис на тоа што можеме да го правиме, ако сакаме. Но има работи што може да ги искористиме како идеја од сопствената едукација. Со инсталиран продолжен кабел со осигурач (копче) што ги исклучува сите уреди што дозволуваат да бидат исклучени, без да се шетате од еден на еден. Заменете ги сијалиците со еко сијалици. Скапо делуваат кога треба да платите околу 300 денари за една од нив, но 6 до 8 години нема да ја мислите сијалицата. Во вашиот живот нема да постои проблем со осветлувањето и на сето тоа заштедува 70% струја од регуларна старомодна сијалица. Следно што може да ви заштеди струја е користењето на уреди во ефтина тарифа. Многу битно за заштеда на електрична енергија е користење на што помалку уреди во исти момент. На пример, ако ве мрзи може да си вградите временски регулирач на гаснење-палење или со сензор. Ако користите повеќе од еден до два уреди потребата од струја се зголемува, а тоа се одразува на јачината и напонот на струја што доаѓаат до вашиот дом. Уредите што ги користиме по дома се директно поврзано со нашиот однос спрема нив.

Вода, внимателно со неа

Една работа треба да ви стане на сите јасна, а тоа е дека неможеме да преживееме без вода. Колку и да сте јаки ако немате една чаша вода, за да се напиете, каков конфликт преовладува? Затоа треба да сватиме сите дека на водата треба да и бидеме мнооогу благодарни и тоа да го имаме на ум секогаш кога пиеме нешто. Така ќе сватите дека не сте доволно големи ниту колку една капка вода.

Значајно за водата е да не ја расфрламе затоа што ја плаќаме. Поради фактот што некој ни ја донел до дома, ние тој сервис треба да го платиме. Но истовремено и треба да ја штедиме од истите причини. Освен препорачливото туширање, во казанчето над шољата ставете една цигла или камен за да го крене волуменот на водата внатре, така пловакот побрзо ќе се затвора и нема да се троши плус 2-4 литри повеќе вода. Садови мијте ги почесто, тоа овозможува полесно миење на истите што повлекува помалку трошење вода.

Затоплување

Парното ја има најгласната буква во градовите и генерално е на средина, но ако немате парно пробајте да искористите од еко пријателски технологии на затоплување. Инсталирајте сончеви колектори во куќа или на кров од зграда. Ставете ветерници, денеска не се скапи. Вградете геотермално затоплување и користење на таа енергија. Сето тоа што ќе ви го заштедат овие начини на уредено гнездо е непроценливо и информациите како „поскапува парното“ или „поскапува струјата“ нема толку многу да болат.

Исхрана и други трошоци

Пазарувањето е секојдневна работа што многу ја правиме во животот. Пазарувајте во маркети еднаш до двапати месечно и купувајте производи што имаат -% попусти или поклони. Се што купувате во поголема количина е поефтино отколку да ги купите како еден, на месечно ниво тоа ви заштедува околу 10-20% за трошоци. Плаќајте сметки и чланарини со помош на електронско плаќање. Така заштедувате на нервози дека треба да се оди до пошта, заштедувате на патот, а го користите само интернетот. Денеска сите мора да имаат сметка во банка, што автоматски важи за сите. Пробајте да патувате на поефтин начин, галантноста треба да ја има само во исклучоци. Ако се напиете повеќе од две чаши вода оддеднаш, ќе ви се слоши...

Ова е мојата честитка за нареднава година 2010 до сите вас и ви пожелувам здравје, среќа и исполнет живот!

логирај се за да пишуваш коментари | за печатење | прати по e-mail | 99 пати прочитано   #
28 Декември, 2009 - 15:24

Како не треба да изгледа една реклама

Зачудувачки фрапантна режија, сценарио + идеја. Незнам каков е тој мозок што може сето ова да го склопи за да изгледа толку лошо, а на сето тоа некој да му плати? БРАВО! Освен што рекламава е ужасно неквалитетна, го руши и имиџот на децава од NextTime што мислат дека се ѕвезди („во нивната кариера“).

 

Што е дејствието во рекламава?
Некое барче во кое се случува свирка од млади луѓе (само машки) што имаат ексклузивно женска публика (нема врска со реалноста). Свират што свират, завршува свирката и ЛИДЕРОТ на групата клекнува доле од земја зема пола литро јогурт и го цица. :0!?
До него застанала една типка што го држи микрофонот како к...ц и пејачов се врти и ѝ вика нешто што ќе остане.
Внимателно: Рекламата треба да има врска со реалноста?!

Како изгледа реалноста? Групите што свират во последно време обично се мешани, особено тинејџерските. Публиката ептен е мешана салата и обично доминира машкиот пол. Тој што пее, јогурт ли ќе се напие после свирка?!?!??! Да, ако отиде на бурек околу 3:00h (по полноќ) пред да си отиде дома... После свирка или се мава пиво или некој алкохолен пијалак, а не ЈОГУРТ!?

Мој предлог: Го ангажирате младичов од Next Time, мава една свирка цела ноќ се прави даска и си оди дома убиен. Станува сабајлето и има ТЕШКА главоболка, таканаречена мамурлак оти се направил стап ноќеска. Отвара фрижидер целиот поспан, мава пола литро јогурт и се буди како нов. И тогаш вика кон нас над отворената врата од фрижидерот: „Нешто што ќе остане...“

 

 

1 коментар | за печатење | прати по e-mail | 203 пати прочитано   #
27 Декември, 2009 - 21:52

Јас пијам Дедовка и многу ја сакам

Оваа ракија таканаречена „Дедовка“ е произведена во Стојаково (моето родно село) и секој што ја пробал се фали дека му предизвикала убави чувства. Мене дефинитивно ми разбуди ептен убави чувства, а на видеото се гледа тоа на израрито многу јазици. Произведена е по домашен рецепт, без никакви вештачки и хемиски обработени додатоци што може да му наштетат на вашиот мозок предизвикувајќи му посмамурливи симптоми. Како што е мајка природа така се склопени сите работи во едно убаво стаклени шише. Што се однесува на вкусот, тоа само сетилото за вкус може да ви го раскаже..

 

 

логирај се за да пишуваш коментари | за печатење | прати по e-mail | 110 пати прочитано   #
25 Декември, 2009 - 14:23

VideoLAN Movie Creator односно VLMC

Екипата позади VLC Media Player пакуваат нов проект наречен VideoLAN Movie Creator (VLMC) што ќе работи на сите оперативни системи исто како и добро познатиот „теренец“ VLC. Моментално знаеме дека е во завршна фаза и демек наскоро ќе го имаме за download. Колку што разбрав имаат нестабилна варијанта за GNU/Linux OS (симни тука), а наскоро ќе има и таква за Windows OS. Софтверот е наменет за регуларна употреба со едноставен и лесен пристап за користење.

Повеќе за ова можете да видите од видеото:

 

2 коментари | за печатење | прати по e-mail | 128 пати прочитано   #