капсаровБ
Сите текстови објавени на овој блог се мое лично и субјективно мислење!
26 Ноември, 2009 - 10:35

Приказна за нештата (The Story of Stuff)

Незнам дали и колку од вас знаат за активностите на оваа акција наречена The Story of Stuff,  презентирана од Ени Леонард (прв пат ја гледам) и продуцирано од Free Range Studios. Поприлично одминато време има од лансирањето на целиот проект (крај на 2007), но со оглед на фактот што филмот беше лансиран подоцна, вреди да се изгледа.

 SOS_BUTTON.jpg

Како состав на колективниот организам Планета Земја, треба да имаме некаква слика што сè правиме ние како дел од тој систем. Стадото на луѓе (овци) е манипулирано и контролирано во скоро сите области на неговото постоење. Особено што сме невидена потрошувачка канта која секојдневно сe стимулира со нови производи и да не речам глупости, што како некоја залутана маса на испрани мозоци трчаме да купиме сè што ќе видиме на улица. Ако веќе е така, барем да знаеме што сè правиме во позадина за да ни се исполнат нашите „мали“ желбички и колку вистински вреди сето тоа што го плаќаме од нашите џебчиња. Ако тргнеме по патот на еден производ од неговото раѓање до полицата во маркетот и каде завршува (контејнер/канализација), барем, ако ништо друго, треба да се замислиме каде сме тргнале и конечно веќе еднаш да избегаме од патетичниот изговор: „Е како не, зар само јас ќе внимавам!". Зошто не почнеме да размислуваме: „Ако внимавам јас и другите ќе почнат да внимават!“, така ќе имате лице да им кажете на тие што газат врз споствениот врат, ако згазнат посилно може и да си го скршат вратот. Колку повеќе трошиме, толку понесреќни сме и по мизерни и не друго го стимулираме системот (нас) уште повеќе да прозиведува за нас.

 Повеќе инфо може да најдете на http://www.storyofstuff.com/international

логирај се за да пишуваш коментари | за печатење | прати по e-mail | 51 пати прочитано   #